TEKSTESHQIP

Grupa Izveduvaci
Роза Cина (Roza Sina)
Lyrics
(Feat. Adrian Gaxha)

Останаа само надежите голи
раната што клука, срцето што боли
останаа дните осамени празни
бескрајните ноќи неспокојни мразни.

Во срцето носев една роза сина
но помина некој и розата ја скина.

И некаде сега во ноќта што се пласти
тој ја капе розата во море од страсти
а јас беден скитам, без насмев, без плам
без љубов, без среќа, заборавен сам.

Во срцето носев една роза сина
но помина некој и розата ја скина.